Бебињата препознаваат тага и среќа во гласот

popara3 јули, 20111min00
babies
Според најновите истражувања на универзитети во Лондон, бебињата можат да препознаваат тага и среќа во гласовите на луѓето.
Со скенирање на мозокот на бебињата докажано е дека децата во најмладата доба можат да ги разликуваат гласовите на луѓето, а делот на мозокот одговорен за разбирањето на говорот се развива многу порано од тоа што се мислело.
Исто така мозокот на бебињата многу повеќе ќе се активира на тажен глас и на плачење отколку на смеење.
“Човечкиот глас е основно обележје на луѓето и клучен е за социјализацијата, па најверојатно тоа е причината поради која овие центри за разбирање на говорот, а и самиот говор, се јавуваат толку рано кај децата“, вели Ана Бласи, научник кој го спроведе ова истражување.
Инаку некои претходни истражувања покажаа дека бебињата, што е логично, најмногу реагираат на гласот на мајката.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag