Фудбалерот Дејвид Бекам е свесен дека во блиска иднина ќе мора да се опрости од својата спортска кариера и затоа веќе започнал потрага по нова работа која ќе го пополни домашниот буџет.
Помошта стигнала од долгогодишниот пријател Том Круз кој му предложил на познатиот фудбалер да се испроба во филмската индустрија, бидејќи бил убеден дека би можел да успее како актер. “Би сакал да му се даде шанса и со Дејвид за заиграм во некој акционен филм. Мислам дека тоа би било одлично “, изјавил Круз. Бекам од друга страна изјавил дека не верува дека е талентиран да биде актер.
“Имав некои понуди за снимање на филмови, но мислам дека сум ужасен актер”, изјавил Дејвид.