Бекам: Ќе играм фудбал уште три години

popara2 мај, 20111min00
584-beckham-david

Поранешниот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам, денеска го слави 36. роденден.

Изминатите денови, со својата поубава половина, Викторија Бекам, присуствуваа на кралската венчавка, но кратко потоа отпатуваа за САД на мечот на својата екипа, ЛА Галакси.

Бекамистакнува дека долгото патување и напорниот викенд не влијаеле на неговата игра на мечот кој Галакси го загуби. Бекс исто така истакнува дека по повредата на ахиловата тетива очекува со своите игри да го надополни загубеното време.

“Минатата година сериозно се повредив, но сега сум подготвен во целост. Се чувствувам сјајно.”

“Чувствувам дека сум сто отсто подготвен и сигурен сум дека ќе ја продолжам кариерата барем за уште една, две, дури и три години. Ќе играм се додека се чувствувам добро!” рекол Дејвид Бекам.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag