Што мислите, која позната личност се крие позади очилата и капчето и пробува да ги наговори купувачите да му ја помирисаат ногата?
Дејвид Бекам е новата жртва на американската комичарка и водителка Елен Деженерес. Таа го натерала да ја облече препознатливата униформа на супермаркетот, да стави очила и капче и да се обиде да ги убеди луѓето да го купат неговиот парфем.
„Дали би сакале да го помирисате овој парфем? Еве, ќе си прснам на ногата, па помирисајте, така е подобро“, им објаснува Бекам на заитересираните купувачи.
Иако проба да се претстави како Австралијнец, купувачите веднаш го препознаа неговиот британски акцент. Водителката му диктира на слушалките, кои ги носи Бекам, што да каже и како да продава.
Еве и сами видете и слатко насмејте се: