Бенедикт 16ти се уплаши од дожд:) Шпанците не му купиле чадор:)

popara21 август, 20111min00
papata Benedikt

Повеќе од сто илјади верници ноќта во саботата го дочекале папата Бенедикт 16ти во воздушната база “Кватро Вјентос” во јужниот дел на Мадрид.

Папата бил прнуден да ја прекине својата проповед поради силните ветрови и пороен дожд, иако претходните денови температурите достигнуваа дури до 39 степени.

Луѓето од раните утрински часови го чекале поглаварот на Римокатоличката црква, кој требало да одржи бдеење со толпата која зафатила површина на 48 фудбалски игралишта.

Верниците од 193 земји, кои допатувале во Шпанија за обележувањето на Светскиот ден на младите, ја поминаа ноќта на отворено, а папата утрово ќе одржи миса со која ќе биде затворен фестивалот кој траеше шест дена.

Службите за вонредни состојби, укажале помош на околу 900 луѓе до вечерта, воглавно поради вртоглавица и замор.

Папата вчера во текот на денот, за време на мисата во катедралата во Мадрид, предупредил на опасноста од “лажните богови”.

-Не дозволувајте да ве заплаши опкружувањето кое го исклучва Бог, во чија моќ се, богатството и задоволството често главни критериуи кои раководат со животите на луѓето, нагласува Бендикт 16ти во катедралата Алмуден во Мадрид, пред која бл пречекан од илјадници млади луѓе.

Папата, кој во Мадрид пристигна во средата, денес ќе ја заврши посетата, која во последните неколку дена предизвика протести во главниот град.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma