Само неколку дена по неговата оставка, Берлускони се подготвува да издаде нов албум со музички песни. Поранешниот италијански премиер поминал две години во пишување на текстови за неговиот четврти албум со наслов “Vero amore”, што значи вистинска љубов.
На албумот ќе се најдат 11 нумери кои поранешниот премиер ги пее во дует со свои пријатели.
Песните се инспирирани од традиционалната музика и самба, зборуваат за невозвратена љубов и копнежот по саканата.
Инаку, првиот албум на Берлускони е издаден во 2003 година, а продаден е во 45.000 примероци.