Берлускони на новинарите: Јас сум добро, но вие лошо ми изгледате!

popara20 септември, 20111min00
8aed317b2081f4fe2075c6ff3e72-grande

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони вчера се појавил на сослушување во Миланскиот суд, во судскиот процес во кој тој е обвинет дека давал мито, а по напуштање на судницата, премиерот не дал никаков коментар.
Берлускони во Миланскиот суд пристигнал во 11 часот, и се пошегувал со новинарите со изјавата: “Јас сум добро, но вие лошо ми изгледате!.”

Берлускони судницата ја напуштил околу 13 часот, и не сакал да даде никаква изјава на новинарите, пренесува АФП.
Во едно од четирите обвиненија против Берлускони, се наведува дека италијанскиот премиер му испалтил на британскиот адвокат Дејвид Милс 600.000 долари, во замена за лажно сведочење за неговите бизнис зделки.

Пред судот биле собрани голема група на луѓе, некои од нив му изразиле поддршка на премиерот, додека другите барале негова оставка.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma