Берлускони: Никогаш не би платил за секс

16 јануари, 20110
berlusconi_wife

Апсурдно е дури и да се помисли дека би платил да имам секс со малолетничка. Тоа е нешто што не се случило никогаш во мојот живот. Сметам дека тоа би било понижувачки, изјавил италијанскиот премиер. Премиерот на Италија, Силвио Берлускони изјавил дека е во стабилна врска откако се развел од сопругата, во моментот кога се води истрага за наводите дека на малолетната Мароканка и платил за сексуални услуги. Во видео пораката со своите приврзаници, која била прикажана на италијанската телевизија, Берлускони ги обвинил судиите дека се однесуваат “незаконито и неприфатливо“, негирајќи дека било кога платил за секс. Берлускони додал дека откако се развел од сопругата, се наоѓа во стабилна врска со личност која често била со него во текот на вечерите на кои, според наводите на медиумите, бил со тинејџерката. Агенцијата Ројтерс наведува дека Берлускони ниту еднаш не навестил дека е во врска, откако сопругата Вероника Ларио го напуштила во 2009 година.
Судот во Милано во петокот објавил дека се врши истрага за тоа дали Берлускони навистина плаќал за сексуалните услуги на 17 годишната Карими ел Маруг, позната како Рубии Рубацуори и извршил притисок на полицијата да ја ослободи од затвор каде била приведена за кражба.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi