Џеј Лено во својата емисија за гостин го имаше еден од најпосакуваните холивудски актери Жерард Батлер и комичарката Витни Камингс, која без влакна на јазикот зборуваше за љубовта и за сексот.
Симпатичната комичарка Витни Камингс веднаш по влегувањето во студиото седна во скутот на Жерард Батлер и го замоли Џеј Лено да ѝ дозволи да седи тука во текот на целото шоу.
Вицкастата Витни му го испи кафето на Жерард и го запраша да не можеби турил дрога во шолјата која ќе ја зашемети, па ќе се согласи на секс со секој што ќе посака.
„Секогаш носам кондом, 24 часа дневно е со мене. Никогаш не знаеш што може да ти се случи“ – одговори Жерард на оваа провокација.
Пред крајот на емисијата, комичарката стана од скутот на актерот и помалку разочарана рече: „Ништо од ерекцијата. Да му ебам! А навистина се потрудив.