На прашањето „Без што не би можеле да преживеете?“, посетителите на Музејот на науки во Лондон на прво место ја ставиле сончевата светлина а на второ интернетот. Водата ја ставиле дури на трето место, а на Facebook на петто место. Истражувањето е спроведено на примерок од три илјади посетители на Лондонскиот музеј на науки.
Пристапот до Facebook им бил побитен од здравственото осигурување, тушот, централното греење и значително побитен од облеката, која пак се наоѓала дури на 20-то место.
Сара Ричардсон од Лондонскиот Музеј на науки, резултатите од ова истражување ги опишала како луди. Иако водата се наоѓа високо на листата, на трето место, пред неа се наоѓа интернетот.
„Изгледа дека водата за пиење многумина од нас ја земаат здраво за готово“ – рекла Ричардсон, „а од друга страна, за милиони луѓе во светот водата за пиење и храната се луксуз кој тешко можат да си го дозволат.“
На прво место се наоѓа сонцето, но судејќи според фактот што британците се опседнати со временските услови, не е ни чудо што сончевата светлина била баведена како најважната работа без која тие не би можеле да преживеат.
Погледнете ја целата листа…
- Сончева светлина
- Интернет конекција
- Вода за пиење
- Фрижидер
- Здравствено осигурување
- Шпорет
- Тоалет
- Мобилен телефон
- Чај и кафе
- Машина за перење облека
- Туш
- Централно греење
- Лекови против болки
- Свеж зеленчук
- Правосмукалка
- Електричен бокал
- Кауч
- Облека
- Свежо овошје
- Автомобил
- Преса за коса
- Јавен превоз
- Лаптоп
- Чоколадо
- ДВД
- Рачен часовник
- Шминка
- Телевизор со рамен екран
- Бурма
- Машина за сушење облека
- Флаширана вода
- eBay
- Велосипед
- iPod
- Клима уред
- Пелени
- Сијалици
- Spell-checker
- Сателитска навигација
- Пушап градник
- Нинтендо
- iPad
- Членство во фитнес клуб
- Сезонска карта за омилениот фудбалски тим
- Фрижидер за длабоко замрзнување
- Xbox