Безбедносни пропусти во Андроидите на HTC

popara5 октомври, 20111min00
htc-thunderbolt-veriz-videocall-lg

За некои од Андроидите на HTC, како што се за моделите EVO 3D, EVO 4G, Thunderbolt, а веројатно и за HTC Sensation, откриено е дека имаат безбедносен пропуст.

Поради тој пропуст корисниците на овие смарт телефони ризикуваат губење на своите податоци, како што се е-мејловите, телефонските броеви, листата на повици, GPS локациите, информациите за составот и СМС пораки.

На страната Android Police истражувачите на овој пропуст напишале дека проблемот е до толку комплексен, што со секој нов тест кои го прават откриваат нов проблем. Истражувачите Тревор Екхарт, Артем Русаковски и Џастин Кејс наведоа дека за своето откритие го известиле HTC уште на 24 септември оваа година, но HTC не одговорил ништо на нивното предупредување. Потоа, одлучиле дека се што откриле, ќе излезе во јавност.

Имено, по се изгледа дека безбедносната закана се појавила откако HTC го надградил својот софтвер во верзијата на оперативниот систем Андроид во моделите EVO и Thunderbolt. Надградениот софтвер всушност бил збир од алатки за логирање, на кои задача им е прибирање информации од мобилните уреди.

Сепак, нешто не тргнало како што треба со тоа „управување.” Бидејќи апликациите на Android имаат пристап за оние потреби кои им се одобрени, инсталирањето на најобичните игри од Android Market, кои бараат пристап на интернет, може да им овозможи пристап до сите осетливи податоци на вашиот уред. Покрај тоа, апликацијата дури добива и дозвола тие информации да ги праќа во било кој момент, и тоа без знаење на сопственикот на уредот.

Во Android Police сметаат дека „HTC оставил клуч за вашите податоци под чергата,” и на тој начин им овозможил на потенцијалните хакери да ја загрозат безбедноста на вашите приватни податоци.

Засега HTC уште не објавил решение на овој пропуст, но се очекува дека тоа ќе го направи во најкратко можно време. Ако и вашиот уред е инфициран, единственото што можете да го направите е да го тргнете HTC Sense софтверот или да направите „root” на уредот и потоа да го отстраните алатот за логирање на HTC .

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag