Безмилосна американската ТВ-публика: Нека умре оној кој нема осигурување:(

popara13 септември, 20111min00
Untitled-1

Рон Пол, потенцијален претседателски кандидат на републиканците во 2012 година, се покажал како доста безмилосен во својот одговор на прашањето: Дали би дозволил да умре 30-годишен човек кој случајно се разболел, а дотогаш не плаќал здравствено осигурување.
Водителот на дебатата за здравствена заштита му поставил хипотетичко прашање, каде за пример земал млад човек кој има добра работа но одлучил да не плаќа здравствено осигурување, бидејќи проценил дека е здрав, но одеднаш, случајно, се разболел и паднал во кома.
Прашањето било дали таков човек би требало да биде оставен да умре. Пол на тоа одговорил дека слободата значи одговорност, и дека само социјалистичките држави се грижат за такви ситуации.
На истото прашање, повеќе била интересна реакцијата на дел од публиката, која на одговорот на Пол извикала гласно “yeeeaaah”.

Погледнете го видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma