Либискиот претседател и неговиот режим ја губат котнролата врз главниот град на земјата, Триполи, објави Би-Би-Си, пренесува Нетпрес. Полицијата и силите за безбедност неочекувано и необјасниво ги снемало од улиците на градот. “Тие едноставно исчезнаа“, јавил дописникот на британската телевизија. Засега не се знае причината поради која се случило тоа. Според објавеното, на режимот на Гадафи му се гледа крајот. Што се однесува до локацијата каде се наоѓа либискиот лидер, тој се наоѓа во земјата, бидејќи ниту една држава во светот не би ризикувала да го прими, оценува Би-Би-Си.
Извор: Нетпрес