Собата на бебето славниот пар ќе ја уредат во нивниот апартман кој се наоѓа во Њујорк. Некои нивни пријатели биле загрижени дека собата била преголема за бебето и дека тоа нема да ужива во неа.
Некои пријатели на Бијонсе останале без текст, кога таа им соопштила колкава планира да ја напраи собата на бебето. Дури ја прашале дали нема да се плаши таа самата да го остави бебето во толкава голема соба, изјавил близок пријател на славниот пар за еден американски магазин.
Бијонсе (30) и Џеј Зи (41), ќе направат соба од 205 м2 за своето бебе во станот во кој го имаат во Њујорк.
„Се венчавме во вистинско време, сега ќе имаме бебе повторно во вистинско време. Џеј Зи и јас навистина сме благословени“, неодамна изјави Бијонсе за јавноста.