И повторно птичји грип! Но сега мутиран! Нека ни е Господ на помош:(

popara31 август, 20111min00
0

Експертите на ОН предупредуваат на можноста за повторно ширење на птичјиот грип од Виетнам и Кина. Бидејќи таму откриле мутиран облик на вирусот. Од мутираниот вирус, кој се шири низ Азија, во Камбоџа оваа година починале осум лица, а најновата жртва во Камбоџа има само шест години, објавил СЗО, за Daily Mail.

Сите смртни случаи се регистрирани кај луѓе кои биле во контакт со инфицирани птици, но експертите стравуваат за можна мутација на вирусот, кој ќе се пренесува од човек на човек и предизвикување на глобална пандемија. Овој тип на вирус е отпорен на вакцина и не може да се предвиди неговото влијание врз здравјето на луѓето, велат експертите. Од 2003 година, од вирусот на птичјиот грип починале 331 лице. Се верува дека птичјиот грип постанал ендемски во Бангладеш, Кина, Египет, Индија, Индонезија и Виетнам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag