Иван Чврљак, сега веќе поранешниот сопруг на Маријана Чврљак, се откажа од се што требаше да му припадне по разводот од ѕвездата на реалното шоу „Велики Брат“.
Иван и Маријана се договорија да имаат спогодбен развод, за да ги избегнат драмите кои се случуваат на суд.
Освен што се откажа од материјалите работи, поранешниот сопруг на Маријана прифати да и го препушти на старлетата старателството над нивната ќерка, иако го задржа правото да ја посетува кога сака. Тој се откажа и од парите кои требаше да ги добие од наградата која Маријана „макотрпно“ ја освои на реалното шоу, под услов таа да купи стан за нејзе и за нивната ќерка.
Ах Иван Иван, со кој памет ќе и дозволиш на мама Маријана да ја воспитува твојата ќерка?