Малку бизарни и необични трикови можат во голема мера да придонесат за вашето здравје. Иако носењето на високи потпетици може да му наштети на вашиот грб, за колениците всушност тоа ќе биде услуга.
Носете потпетици
Со носењето на високи потпетици ќе им направите услуга на своите коленици. Исто така, жените кои често ги носат имаат многу посилно изразен тонус на мускулите на ногата и се чувствуваат посексапилно, што позитивно се одразува на нивниот сексуален живот.
Чоколадно млеко за слабеење
Заборавете на обичната вода, бидејќи истражувањата покажале дека чоколадното млеко помага при слабеењето. Овој вкусен напиток, направен од обезмастено млеко, ќе ви ја врати енергијата, особено после вежбање или некоја друга физичка активност, ќе ви го намали апетитот и ќе ја задоволи желбата за слатки.
Помирисајте јаболко
Старата изрека дека едно јаболко на ден ве држи подалеку од докторите се покажа како точна. Научниците тврдат дека дури и самиот мирис на зелени јаболка ја отстранува болната мигрена.
Избричете ги мустаќите и мијте ја косата
Ако сте склони кон алергии, можеби е време да размислите за бричење на мустаќите.
Всушност, мустаќите, исто како и облеката, кожата и косата, во текот на денот собираат полен на себе. Доколку не сакате да ги избричите, се препорачува нивно миење двапати на ден, а истото важи и за косата, каде што се кријат илјадници мали зрна полен.