Бизарни закони за сексот

popara17 септември, 20111min00
bizarni

Кога во сексуалните односи ќе се замеша државата, тогаш стапуваат на сила многу чудни и бизарни закони. Дел од нив се толку неверојатни, што не може ни да замислиме какви луѓе ги пишувале. Погледнете дел од законите низ светот кои на бизарен начин се обидуваат да ги регулираат сексуалните односи:

  1. Во сојузната американска држава Алабама, правдата не само што е слепа, туку е и сексуално исфрустрирана. Во оваа држава е забранета продажба на сексуални помагала, а петминутно задоволство може да ви донесе голема парична казна, па дури и една година затвор. Сличен закон постои и во Аризона, каде е забрането да имате повеќе од два вибратора во едно домаќинство.
  2. Иако Бразил е познат по своите карневали на кои настапуваат разголени жени, сепак во оваа јужноамериканска земја постојат многу традиционални закони. На пример, доколку мажот на првата брачна вечер открие дека жената не е девица, може да го поништи бракот во наредните 10 дена. За разлика од Бразил, во Гуама девојките им плаќаат на мажите за да им ја одземат невиноста, затоа што во оваа земја е забрането со закон девица да се омажи.
  3. Во Свазиленд беа донесени низа чудни закои со цел да се намали ширењето на ХИВ вирусот. Во оваа афричка земја младите девојки се обврзани да носат симбол на невиноста цели пет години, а други потоа може да имаат секс. На Хаваи е забрането маж да престојува некаде сам со жена помлада од 18 години. Доколку овој закон се прекрши, родителите на девојката може да бидат осудени на работа во логор во траење од три години, бидејќи ја воспитале нивната ќерка премногу слободно.
  4. Во Унгарија е забрането да имате секс со упалено светло.
  5. Во сојузната американска држава Вашингтон дозволено е да имате секс само во „мисионерска поза“.
  6. Доколку сакате жени со мали гради, австралијанската полиција може да ве обележи како потенцијален педофил. Оваа држава донесе неколку акти со кои се забранија голем дел од порно филмовите, токму заради тоа што актерките имаат мали гради.
  7. Дури 28 сојузни американски држави со закон го забрануваат оралниот секс. Во Невада не е дозволено да имате секс без кондом, а во законот стои дека мора да носите „заштита“ дури и кога имате секс со Сатаната.
  8. Во сојузната држава Минесота на мажите им е забрането да имаат секс доколку здивот им мириса на лук. Во небраска сите парови се обврзани да носат пижами додека имаат секс.
  9. Во Француска Гвајана е забрането да мастурбирате, бидејќи тоа се смета за душевна болест. Радикална верзија на овој закон постои и во Индонезија, каде за казна за мастурбирање е отсекување на половиот орган.
  10. Во Хонг Конг жената може да го убие мажот доколку ја изневерува, но само со голи раце. Од друга страна, во Уругвај доколку мажот ја фати жената „на дело“, тогаш може да ја убие и нејзе и нејзиниот љубовник, или пак на жената да и го отсече носот, а љубовникот да го кастрира.

По овие бизарни закони, сигурни сме дека сте пресреќи бидејќи живеете во Македонија. Можеби немаме совршено законодавство, но сме далеку „понормални“ од многу земји во светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma