Black Eyed Peas го откажаа своето учество на „трибјут“ концертот во чест на Мајкл Џексон

popara8 октомври, 20111min00
article_big_1304270461black_eyed_peas_planiraju_pauzu

Black Eyed Peas го откажаа учеството во „трибјут“ концертот Мајкл Форевр кој е во чест на Мајкл Џексон а се одржува оваа сабота ( на 8 октомври ) во Кардиф. Причина за оваа одлука се „ неодложните околности“.

Крис Хант, извршниот директор на организацијата Глобал Лајв Евентс, за BBC News изјави: „ За жал ќе мораме да објавиме дека Black Eyed Peas сепак нема да настапат, но се радуваме на бројните настапи на големите ѕвезди“.

Водител на манифестацијата ќе биде Фрн Котон и пејачот/актер Џејми Фокс, а ќе настапуваат и браќата и сестрите на Џексон: Марлон, Тито, Џеки и Ла Тоја, а потоа тука се и ѕвездите како Кристина Агилера, Си Ло Грин, Гледис Најт, Смоуки Робинсон, Леона Луис и ЏЛС.

Овој концерт уште од самиот почеток беше проследен со голем број на проблеми: двајца од Џексоновите браќа – Џермејн и Ренди – го нарекоа овој концерт како „непримерен“ и „лошо темпиран“ со оглед на тоа што се случува во истовреме со судењето на Д-р Конрад Мареј, туженото лице за своите несовесни постапки кои ја предизвикале смрта на поп иконата. Покрај овие и легендарната рок група Kiss го откажа своето учество заради огромниот број од негативните коментари од многубројните Џексонови обожаватели. Басистот Џен Симонс во повеќе наврати јавно го критикуваше Џексон. Тој за весникот Класик Рок изјави „ Знаете, каде има чад таму има и оган. Јас воопшто не сомневам дека ги злоупотребувал оние деца. Ни малку не се сомневам.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag