Актерката Блејк Ливели, која се прослави во серијата “Gossip Girl” многу сака да се омажи. Поточно, по кратка романса со Леонардо ди Каприо, со кого сакала да се омажи, сега повторно е во врска и тоа со актерот Рајан Рејнолдс.
И покрај тоа што се заедно само еден месец, 24-годишната актерка изразила желба да биде негова жена. Но, Рајан сепак не е толку “загреан” за таква идеја, а на пријателите им се доверил дека е загрижен за Блејк, бидејќи не сака да и го “скрши срцето”. Блејк исто така сакала да купат заедничка куќа, но Рајан ја одбил.