Ѕвезда која најмногу блесна на Европското првенство во кошарка е без сомнение е македонецот Бо Мекалеб, тој нашиот тим го предводеше до триумф кој не однесе во полуфиналето против Шапнија …
Не ми се допаѓа НБА. Сакам да останам во Европа и да продолжам да напредувам – изјавил 26-годишниот играч на италијанската Сиена, пренесува 24сата.хр.
– По победата над Литванија не можев да заспијам од возбуда, изјавил Бо кој на шампионатот има просек од 20,9 поени, три скока и 3,7 асистенции по натпревар.
Тренерот на Шпанија, Серџио Скариоло е свесен кого мора да го сопре доколку сака неговата репрезентација да влезе во полуфиналето на шампионатот, пишува 24сата.хр.
– Бо е сензационален, тој е еден од најдобрите Европски играчи, изјавил Серџио Скариоло.