Пејачот Бој Џорџ преку медиумите и порачал на Адел да престане да пуши, бидејќи ризикува да го изгуби нејзиниот прекрасен глас.
Адел неодамна била принудена да ги откаже сите концерти до крајот на годината за да може да се подложи на операција на гласните жици. Таа признала дека после операцијата повторно продолжила да пуши, бидејќи како што вели, била страсен пушач.
Загрижениот колега Бој Џорџ изјавил:
“Пушењето не е паметна идеја за една пејачка. Престанав со пушењето пред шест месеци и тоа е најдоброто нешто што сум го направил. Пред тоа се тешев дека цигарите му даваат посебен шмек на мојот глас , но тоа е голема лага. Ми беше многу тешко да престанам со пушењето, но сепак се исплатеше. “