Бојата на облеката ве открива какви сте!

popara30 август, 20111min00
boi

Боите се мошне важен дел од нашиот живот иако за тоа не сме свесни. Боите влијаат на расположението,  ни го разубавуват денот, не прават посреќни и посигурни. Секој од нас има омилена боја, меѓутоа дали знаете дека бојата говори и за вашиот карактер и вашата личност?

Црвена

Црвената боја симболизира страст, сензуалност, љубов, радост, храброст, енегија и лутина. Динамична и интензивна боја кој ни дава секси, привлечен изглед. Со помош на црвената боја бидете сигурни дека ќе се истакнувате во поголема група на луѓе. Луѓето кои ја сакаат оваа боја се страствени, сексипилни и импулсивни индивидуалци кои животот го живеат во еден здив.

Жолта

Жолтата боја е сјајна, светла боја токму како и личноста која ја носи. Тоа е бојата на убавината, креативноста и ведрината, меѓутоа во исто време симболизира и загаженост и нервоза. Оние кои сакаат да носат жолта боја имаат изразени уметнички црти, тие се идеалистични и високо интелектуални индивидуи, обдарени со непресушна енергија и моќ на имагинација.

Плава

Кога говориме за плавата боја, прва споредба која ќе и падне напамет е плавото небо и морските длабочини. Плавата боја симболизира топлина, мир, љубов и духовна смиреност.  Оваа боја е присутна насекаде нечесто и на места кои немаат никаква симболицна поврзаност со плавата боја. Луѓето кои ја сакаат оваа боја се осетливи, лојални, способни и совесни, и натој начин тежнеат кон постојана хармонија во нивниот живот.

Црна

Црната боја симболизира префинетост, елеганција, отменост, моќ и авторитет. Класичен црн фустан е неизбежено парче облека во сечиј женски орман , затоа што со него ќе изгледате елеганто и префинето во секоја пригода. Црната боја одлично се вклопува со другите бои. Оние кои ја сакат оваа боја се мистични, софистицирани, сериозни, примамливи, независни и сомоуверени.

Зелена

Зелената боја ја преставува свежината, спокојот, сигурноста,  љубомората и опуштеноста. Зелената боја е боја на животот, симбол на растот и обновата и на тој начин создава смирена и хармоницна атмосфера.  Луѓето кои ја преферираат зелената боја се мирни, лојални, искрени, одлучни и морални.

Бела

Белата боја е асоцијација за чистота на духот, невиноста, едноставноста и уредноста. Во бела облека ќе изгледате нежно но во исто време и отмено. Нејзината карактеристика да ја одбива светлината ја прават иделна за носење во летниот период. Белата боја може да се искомбинира со секоја друга боја нејзината универзалност не наведува сите да имаме бели  парчиња облека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag