Како што можевме да видиме и од модните писти, во есенската мода доминира бојата на сенфот.
Комбинирајте ја со неутрални тонови како што се морнарско плава, а ако сте некој од оние кои сакаат да бидат забележани зачинете ја комбинацијата со пиперка црвена, аксесоари со боја на ѓумбир или портокал.
Дури и линијата со бојата на сенфот ќе го оживее и најдосадното одело, па ако немате пари за да си ја обновите гардеробата, каиш, торба и марама ќе бидат сосема доволни за да бидете во тренд.
Комбинирајте ги различните тонови. Светлата нијанса на сенф бојата најдобро функционира со текстура, како што се ребрести џемпери и здолниште со плише.