Доколку преферирате некоја боја или таа доминира во вашето опкружување, тогаш истата може да ги одреди вашите сексуални желби.
Љубителите на жолта боја обично го контролираат својот сексуален нагон и доминантната улога во кревет ја препуштаат на партнерот. Ретко наметнуваат иницијатива, а најважно им е задоволството на партнерот.
Црвената боја симболизира страст, па личностите кои ја сакаат оваа боја, многу уживаат во сексот и физичкиот контакт. Често се агресивни во кревет.
Лицата кои сакаат сива боја се несигурни партнери во спалната соба. Лошо се сложуваат со сите останати бои, а сексот не им причинува големо задоволство, им служи само како средство за задоволување на потребите.
Виолетовата боја се врзува за личности за кои сексот е само губење на време. Жените кои ја сакаат оваа боја не се грижат за задоволството на партнерот, додека пак мажите го сфаќаат сексот како обврска.
Мажите што сакаат сина боја, му приоѓаат на сексот уметнички, внимателно, анализирајќи го телото на жената и нејзините потреби. Жените пак, подеднакво уживаат во предиграта како и во сексот, а се одликуваат и со чувствителност и дарежливост.
Оние што ја сакаат розовата боја се најсклони кон изневерување. Жените се способни за флертување, иако повеќе ветуваат отколку што овозможуваат, а мажите често ги менуваат партнерите.
Зелената боја е боја на нежности и чувствителност, па двата пола ги краси верност кон партнерот и сочувствување.