Илјадници фанови на Мајкл Џексон ги здружија силите за да лобираат да се откаже концертот во негова чест, кој е закажан за 8 Октомври.
Во отворено писмо до организаторите на концертот “Мајкл засекогаш”, членовите на фан клубовите во кои се зачленети илјадници следбеници на Џексон од Европа, Австралија, Кина и Русија, велат дека постојат многу причини за одложување на настанот.
Како причина тие ја наведуваат загриженоста каде ќе одат парите од продажба на билетите за концертот, времето на концертот, како и судењето на лекарот на Џексон за убиство од небрежност.
Ова писмо е потпишано од околу 80.000 членови од ”M-Џеј-Џеј” (MJJ) заедницата и 30 членови на други фан клубови.
”Ве молиме да разберете дека овој концерт е осуден на пропаст … Направете ја вистинската работа и откажете го концертот во чест на Мајкл”, пишува во отвореното писмо објавено на страната против концертот “Мајкл засекогаш” на ”Facebook” .
Основачот на заедницата ”M-Џеј-Џеј”, Гери Тејлор за Ројтерс изјави дека повеќето фанови на Мајкл Џексон сметаат дека на концертот ќе биде “катастрофална грешка”.
”Јас не мислам дека овој концерт е она што Мајкл го сака”, додаде тој.
Браќата на Џексон, Џермејн и Ренди исто така се против овој концерт се додека трае судењето на докторот на Мајкл, Конрад Мареј, кој е обвинет дека е одговорен затоа што пејачот се предозирал со анестетик пропофол, што доведе до неговата смрт во јуни 2009 година.
httpv://www.youtube.com/watch?v=_Bf6AST5Itw