Нашиот или „српскиот“ познат шоумен Боки 13 ка демонстративно го напушти гостувањето во емисијата во една од македонските телевизии бидејќи водителот Сашо Ивановски жестоко го “нападна”!
Емисијата се одвива во живо, па така и започнала на најобичен начин се додека Ивановски не почна да изнесува ставови за сексуалната определба.
Боки: „ Зошто ме викна во емисија, а се однесуваш така невоспитано, како да си растел на улица. Ме вреѓаш! Дали е тоа домаќински?
Водителот: „ Некои луѓе мислат дека сите хомосексуалци се како тебе, изгубени во времето и просторот, катастрофално воспитани, скандалозни… едноставно – дното. Дали може да те замолам да те снема од телевизиите? Можеш да продаваш на тезга, но подалеку од медиумите.“
Боки: „Знам дека сакаш да бидеш интересен, али испаѓаш смешен. Јас на себе не можам да си дозволам да седам во емисија со човек кој има психички проблеми. Јас те поздравувам, дечко пријатно.“
Притоа Боки го фрли микрофонот и ја напушти емисијата, исто како што Дара Бубамара му го направи тоа во неговата емисија на Тв Пинк откако беше испровоцирана од неговото однесување.
Погледенете го видеото, на кое можете да видите што точно се случуваше: