Бомбици од банана и бисквити
30 јануари, 20110
![bombici od banana](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/01/bombici-od-banana-610x270.jpg)
Изгмечете ги бананите, додајте ги мелените бисквити и шеќерот. Измешајте убаво и од смесата правете бомбици. Потоа извалкајте ги во кокосовото брашно. Доколку сакате валкајте ги во ситно изрендана чоколада или пак ореви. Изберете го омилениот вкус.
Потребни состојки:
4 банани
600 гр мелени бисквити
100 гр шеќер во прав
100 гр кокосово брашно