Бомбици од сирење, луто пиперче и ореви

popara24 септември, 20111min00
recept

Потребни состојки:

  • 200 гр. овчо сирење
  • 50 гр. козјо сирење
  • 2 лути пиперчиња
  • 300 гр. ореви
  • 200 гр. крем сирење
  • Вегета

Подготовка:

Во посебен сад ставете го козјото сирење и издробете го. Потоа додајте го и овчото сирење и вегетата и издробете ја смесата се додека не се соедини. Додајте го и крем сирењето и промешајте.

Ситно исецкајте ги лутите пиперчиња и додајте ги во претходната смеса. Смесата треба да биде хомогенизирана, па затоа ви советуваме да ја измешате со миксер.

Оревите исецкајте ги на ситни парчиња. Потоа, со раце земете дел од претходно подготвената смеса и направете бомбица. Бомбиците посипете ги со исецканите ореви, се додека не бидат целосно покриени.

Вака приготвените бомбици ставете ги во фрижидер минимум 30 минути пред да ги послужите, за да се изладат и стегнат. Послужете ги како закуска или пак како предјадење. Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma