Членовите на групата U2 неодамна ја завршија својата турнеја “360 степени”, а веќе работат на нови песни, и на компилацијата на песни снимени од 1991 година. Но, сепак момците изјавиле дека веќе се многу исцрпени од многуте настапи и обврски.
“Не сум сигурен дали иднината се исцрпила или не. Бендот е веќе е луд. Сега би биле среќни доколку нашата кариера заврши со нашиот последен албум” No Line On A Horizon`s со кој ја одработивме нашата последна турнеја”, изјавил Боно.
“Бендот можеби ќе се врати со настапи следната година, а можеби и не. Многу сме изморени”, изјавил гитаристот The Edge.
“Имаме многу нови песни, исто така и многу добри, но сега сето тоа го ставаме на страна и едноставно сакаме да отпловиме од музиката. Сакам со моите синови и сопруга да отпатуваме некаде само со мојата музика, неколку книги и акустичната гитара” изјавил Боно.