Босанец направен „во газот“ :) Ццццц… :)

popara28 септември, 20111min00
sile

Еден жител на Босна и Херцеговина купил од пазар во Германија слика која многу му се допаднала, не ни помислувајќи дека таа може да вреди цело богатство. Се испоставило дека делото наводно е на познатиот австриски сликар Егон Шиле.

Еден сараевски деневен весник пишува, судејќи според мотивите на сликата и потписот на задната страна, делото настанало во раниот приод од творештвото на Шиле. Инаку за да се опише колкава е вредноста на неговите дела, весникот потсетува дека неодамна во Лондон едно дело на овој австриски сликар било продадено за неверојатни 30 милиони евра.

Шиле во светската ликовна уметност е познат по еротските актови, а сликата која ја купил босанецот моментално се наоѓа на експертиза.

Маслото на платно, како што се наведува, со сигурност го насликал Шиле, а на него е прикажан пар во брод кои извелкува од водата мрежа, отсликувајќи го товарот на животот. Исто така, се напоменува дека ова дело може да припаѓа на серијата слики со бродови, кои ги насликал австрискиот сликар.

Сопственикот на делото изјавил за весникот, дека ја купил сликата токму поради тоа што го потсетувало на него и неговата сопруга и нивниот тежок живот.

„Незнаев кој е автор на делото, но кога го видов потписот позади, го вклучив интернетот да истражам. Останав шокиран кога видов дека сликата што сум ја купил за неколку евра, би можела да вреди милиони“, додал новиот сопственик на делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag