Клубот на љубители на огнено оружје во Аризона им нуди на децата и нивните семејства можност да се сликаат со Дедо Мраз држејќи пиштоли и пушки.
Менаџерот на овој клуб изјавил дека оваа идеја им дошла минатата година кога еден од членовите на клубот дошол облечен како Дедо Мраз, а останатите сакале да се сликаат со него и со оружјето во рака.
„За нашите клиенти тоа е еден вид забава“, додавајќи дека за време на фотографирањето оружјето е испразнето и закочено.
Околу 500 луѓе минатиот викенд се појавиле за да се сликаат со оружје во рака и Дедо Мраз, по цена од 10 долари.
Инаку, во САД, за купување полуавтоматска пушка, доволно е купувачот да е постар од 18 години и да не е осудуван. За автоматска пушка пак треба купувачот да има 21 година и дозвола за поседување оружје која ја издава федералната служба.
httpv://www.youtube.com/watch?v=48gDWt29Oe8