Двајца браќа од американската држава Пенсилванија се обвинети дека украле мост кој бил 15,5 тони тежок и го продале во отпад зса железо за 5000 долари.
Полицијата навела дека браќата, на возраст од 24 и 25 години, на крајот на септември или почетокот на октомври го исекле мостот. Тие биле обвинети за кражба, поседвање украдени предмети и заговор.
Властите соопштиле дека еден од браќата му рекол на работникот во компанијата за рециклирање дека има дозвола да го исече мостот за старо железо и му покажал слики од мостот направени на мобилен телефон. Команијата за рециклирање веднаш ја информирала полицијата.
Мостот долг 15 и широк 6 метри, се наоѓал на шумскиот пат околу 100 километри од Питсбург.