Пензиониран фармер од Бразил има 50-деца и се уште води љубов, пишува Daily Mail. Луис Коста де Оливеира има деца од двата брака, но исто така има деца и од сестрата и мајката на својата втора сопруга.
Жените се најдоброто нешто што Бог го создал – за еден локален весник изјавил Оливеира. Некои од неговите деца поради голема сиромаштија и глад, починале уште во рана возраст. Од живите деца има повеќе од 100 внуци и 30 правнуци. Многу од нив живеат далеку од својот татко. Тој потврдил дека во изминатите 40 години не пушел и не конзумирал алкохол, но додал и дека не ги знае сите имињата на неговите деца.
– Можно е таму некаде да имам уште деца, бидејќи од секогаш сум сакал да водам љубов – изјавил Оливеира. Тој признал дека во последниве години, не води толку често љубов, како што тоа го правел во младите денови, но се уште се присетува “колку е тоа убаво.”
Жените кои имаат негови деца кажеле дека тој секогаш према нив се однесувал коректно.
– На Оливиера едниствено хоби е сексот. Никогаш не не повредил и тој се грижи за своите деца – изјавила втората негова сопруга, Марија Франциска.