Метропола со даски за цртање во прашума
За првпат беше разговарано за преместување на главниот град во внатрешноста на земјата, уште во 1825 година. Но, во 1891 година, беше прекинат нацрт планот. Сепак, претседателот Juscelino Kubitschek de Oliveira ги започна повторно преговорите за овој проект во 1965 година. Во период од четири години требаше да се реализира овој проект. Доколку, сакаа да го реализират овој рок, мораа да се потрудат. Најпрво се започна со основање на едно државно друштво за изградба “Novakap“, кое било предводено од Izrael Pinjeir. Kако главен архитект беше именуван Oskar Nijemejer кој се заколна дека “никогаш нема да се спушти на вообичаениот и банален начин на изградба“! Третата круцијална личност, во создавањето на Бразилија беше Lusio Kosta. Тој го направи генералниот нацрт за новиот град, проект во форма на крст или авион, со главна основа долга 6km и широка 360m (пет пати поширока од Авенијата Шанзелизе во Париз), со јавни згради и еден станбен комплекс кој ја пресекува оваа раскошна улица, на која се наоѓаат станбените единици (“Kvadras”), обединети во блокови, со продавници, училишта, цркви и паркови. Најпрво се изгради претседателската резиденција, а покрај едно вештачко езеро се изгради палатата Alovard со своите познати триаголнести столбови. На плоштадот “Три моќи“ се сместени зградата на владата и судската зграда – секоја од нив има по 28 ката, а покрај нив е сместена една рамна зграда, на која се наоѓа аула (Народното собрание) и една купола (Сенат), а во непосредна близина е палатата Planalt (седиштето на владата) и палатата на правда. Кон градот се надоврзуваат монументални блокови на министерствата; овде се наоѓаат сеуште недовршената катедрала.
Еден огромен универзитет, училиште, музеј, театар, хотели, болници, базени – се било испланиран, архитектите ништо не оставија на случајност. На 21 март 1960 година, Бразилија можела официјално и свечено да се отвори. Сепак, коментарите беа поделени. John dos Pasos го нарече градот “Превртен Помпеј“, други го нарекоа метропола со даски за цртање, во кој никој не би сакал да живее. Но, бразилијанците се навикнаа на својот сеуште недовршен главен град. Можеби Andre Malro, со најголемо право го нарече “La capitale d’espoir”, “Главниот град на надежта“.