Познатата двојка Анџелина Џоли и Бред Пит донираа 340.000 долари на хуманитарна организација од Сомалија која им помага на раселените жени и деца. Холивудскиот пар, кој е познат по својата хуманитарна работа, овојпат одлучи да донира во Сомалија, држава која постојано се соочува со недостиг на храна и чиста вода.
Мохамед Дахир, кој раководи со хуманитарната организација „Џаст рилиф ејд“, вели дека донацијата од Бранџелина ќе биде искористена за проширување на здравствената помош во кампот за бегалци Бабадо, каде се згрижени повеќе од 300 жени и деца.
Сомалија се соочува со огромен недостиг на храна и чиста вода за пиење во последните 60 години, како последница на долготрајните суши. Според проценките на Обединетите Нации, постои ризик дека во оваа земја во наредните неколку месеци околу 750.000 лица ќе умрат од глад. Па браво за Бред и Анџелина, а наредниот пат нека донираат повеќе и нека послужат како пример за останатите богати луѓе.