Мет Дејмон им открил на новинарите дека тој има нешто што неговиот колега Бред Пит може само да го сонува, а тоа е малку понормален живот. Иако и тој самиот е голема ѕвезда, Мет вели дека без проблем може да ги врши секојдневните должности, а да не го пратат безброј папараци.
“Бред и Енџи се под многу поголем притисок него што сум јас. Бред ме праша како ми изгледа еден нормален ден. Му реков дека одам да ги соберам децата од училиште, а потоа одиме во парк. Тој само ме погледна и ме прашаа како сето тоа ми успева, бидејќи тоа нему не му оди од рака, па е љубоморен зошто сака да има ист живот како мојот “, изјавил Мет.