Бред Пит во последното интервју зборува за бракот со Џенифер Анистон во кој му било смртно досадно.
Пит (47), без цензура го опишува својот брак со ѕвездата од серијата “Пријатели”, но и за неговата љубов кон марихуаната.
“Девеесетите години ги поминав во криење. Си здосадив сам на себе, по цели денови седев на каучот, пушев џоинт по џоинт и се чувствував патетично. Знам дека мој брак имаше голем удел во тоа, се трудев во таа врска да видам нешто што таа не беше. Ми беше смртно досадно”, изјавува актерот, кој сепак не открива дали Џенифер ја измамил со Анџелина Џоли, со која денес има 6 деца и одличен брак.
“Најпаметна работа која досега сум ја направил е тоа што на своите деца им ја подарив Анџелина за маjка. Колку сум среќен што ја имам оваа жена”.
Џенифер Анистон по разводот изјавила дека на Пит му фали ”чип за сочувство”, што актерот го потврди со ова интервју, по што актерката сеуште не се изјаснила.
На приказните за наводните конфликти со Анџелина, можности за брак или седмо дете, Пит вели:
“Не можеме против таблоидите. Искрено, се веќе знаете – ќе се венчаме кога тоа ќе може да го направат сите луѓе кои се сакаат. Не застанува тука, сеуште правиме планови за венчавка и немаме седмо дете на пат…засега!“