Специјалните сили на унгарската анти-терористичка единици заплениле во Будимпешта оружје кое било наменето за снимање на филмот “”World War Z””, на кој продуцент е Бред Пит.
Оружјето било конфискувано на аеродромот, потврдил Золт Бонар, заменик командир на унгарската анти-терористичка единица. Проблемот се појавил поради тоа што на документите пишувало дека оружјето не е исправно, а всушност тоа било во одлична состојба. Транспортот на таквото оружје е нелегално, дури и ако тоа се користи за снимање на филм.
Бред Пит бил многу бесен поради тоа што се случило, и поради надминување на буџетот, но и роковите за снимање на филмот.
“”World War Z”” е адаптација на истоимениот стрип за претставникот на ОН кој пишувал извештај за Големата војна со луѓе-зомби. Филмската премиера се очекува во декември 2012 година.