Бијонсе воопшто не одмори откако ја соопшти веста дека е бремена. Таа е активна повеќе од секогаш. Настапи, гламурозни манифестации, доделаувања на награди… а овој пат Бијонсе прошета на модната писта.
Таа заедно со нејзината мајка, Тина Ноувелс рака за рака прошетаа на модната писта во Лондон. Бијонсе блескаше со неверојатна енергија, а високите потпетици не и се проблем и покрај тоа што е во првите месеци од бременоста.