Бревик: Многу членови од редот Витези Темплари се од Србија

popara10 септември, 20111min00
brevikk

Норвежанецот Андрес Бревик кој ги призна двата монструозни напади во Норвешка каде загинаа 77 лица, и понатаму тврди дека припаѓа на воениот ред Витези Темплари, во кои има и многу членови од Србија, потточно поранешни воени борци од Србија.

Адвокатот на Бревик изјавил дека неговиот клиент тврдел дека е бил најмлад член на овој воен ред, кој наводно бил основан во Лондон во 2002 година. Тој изјавил дека многу челнови на оваа група се поранешни борци од Србија, додал адвокатот.

Полицијата верува дека Бревик за двата напади делувал сам. Неговите тврдења за тајната мрежа предизвукува сомнеање за сите, а полицијата дополнително ќе ги истражува сите детали.

Во својот манифест кој беше објавен на интернет, Бревик наведува дека Темпларите треба да предизвикаат пад на европските влади и да ги протераат муслиманските имигранти, од што ќе се предизвика и граѓанска војна која ќе кулминира во 2083 година.

Адвокатот на монструмот од Норвешка, додал дека Бревик не покажувал жалење за стореното и дека говорел дека и денеска би го направил истото.

Следното истражно сослушување за Бревик е закажано за 19 септември, веројатно и како сите предходни ќе биде затворено за јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag