Британците најголеми дудуци! Половина од нив појма немаат што значи „бонжур“! :)

popara18 ноември, 20111min00
116670

Лондон – едно неодамна спроведено истражување покажало дека третина од британците незнаат ниту еден збор на било кој странски јазик, а петтина од нив не се сигурни што значи францускиот збор „бонжур“ (добар ден).

Резултатите од ова истражување ги потврдиле познатите сознанија дека британците воопшто не се трудат да научат барем по пет странски зборови, за што добро говори бројката дека дури 64% од нив признале дека незаат ниту еден збор на било кој странски јазик.

Се претпоставува дека причината за оваа рамнодушност кај британците, лежи во тоа што тие се плашат од лошо или неразбирливо изговарање на странските зборови, а плус фактот што тие мислат дека домаќините во странските земји треба да знаат англиски јазик.

Истражувањето исто така покажало дека само третина од нив, односно 34% од испитаниците рекле дека се трудат да научат неколку странски зборови кога престојуваат во друга земја.

Меѓутоа, посјат неколку фрази кои британците ги знаат на друг јазик, а најпопуларна или фраза која најмногу ја знаат е онаа на шпански јазик – una cerveza por favor (Ве молам едно пиво)!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag