Бритни ќе ги отвори Греми наградите
1 февруари, 20110

Со својот најнов камбек сингл “Hold It Against Me” кој веќе се искачи на топ листите низ Америка, Бритни Спирс ќе ги отвори доделувањата на 53-тите Греми награди. Иако по неколку неделни гласини дека таа ќе настапува, сега и официјално е потврдено од изворите на продукцијата на едни од најпрестижните музички награди. Покрај Бритни на сцената ќе настапат и Еминем, Лејди Гага, Кети Пери и други музичари. Најмногу номинации доби Еминем, вкупно 10, вклучувајќи ги и оној за албум, сингл и песна на годината. Бруно Марс со седум номинации, а Лејди Гага е со шест номинации.