Пејачката во Лондон го снима спотот за својата нова песна “Криминал”, а многубројните поминувачи останаа изненадени со нејзината појава. За потребите на спотот Бритни по улица одеше со пиштол во рака. Во секси издание глумеше крадец кој го напушта трговскиот со брз чекор. Имаше облечено црна јакна и црни кратки панталончиња и сето тоа ускладено со црни чевли. Со нејзе во спотот глуми и нејзиното момче Џејсон Травик.