Холивудските продуценти го посетиле Окружниот затвор во Белград и се шпекулира дека таму, Брус Вилис ќе го снима продолжението на филмот “Умри машки”.
Белградскиот Окружен затвор можеби ќе биде местото на кое Џон Меклејн од холивудскиот серијал “Умри машки“ ќе се бори против оние кои не го почитуваат законот.
Бидејќи продуцентите веќе го посетија затворот, Брус би требало да дојде во Белград и со своите колеги да започнат со снимање на сцени од филмот.
Додека Брус не застане пред камерите во затворот во Белград, домашните продукциски куќи планираат да снимаат во српските казнено-поправни домови, а затворите со заработените пари од изнајмување на своите простории за снимање планираат да го пополнат нивниот буџет.
Цената за изнајмување зависи од неколку фактори, како што се екипата која го снима филмот или времетраењето на снимањето, дали им се потребни услуги од страна на вработените лица во затворите и слично.