Bugatti Veyron EB 16.4 е луксузен автомобил за долги релации, чиј мотор се наоѓа помеѓу задните и предните оски. Супер Спорт верзијата е најбрзиот легален автомобил во светот, со топ брзина од 431.07 километри на час (267.85 mph). Оригиналната верзија има топ брзина од 408.00 km/h (253.52 mph). Овој автомобил бил прогласен за „Автомобил на деценијата (2000-2009),” од страна на телевизискoто шоу „Top Gear”, кое се емитува на БИ-БИ-СИ.
Дизајниран и развиен од Германската Volkswagen Group (заснована на Bentley Hunaudieres концептот) и произведен од Бугати САС како нивно матично седиште во Шанто Сеин Жан во Молшајм (Алсас-Франција), моделот Вејрон е визија на Хармут Варкус, а екстериерот е дело на Жозеф Кабан од Фолксваген, со многу моторони изработувања раководени од поранешниот механички инженери Петербилт Тракс, и сегашниот шеф на механиката на Бугати, Волфганг Шрајбер.
Произведени се специјални варијанти вклучувајќи ги и двете „тарга топс“ модели (автомобил со опција за отворање на кровот). Во декември 2010, Бугати на своите потенцијалните купувачи им овозможи тие самите да си ја изберат бојата на ентериорот и екстериерот, користејќи ја Вејрон 16,4 Конфигурациската апликација на официјалната веб страна на брендот.
Името Вејрон, потекнува од возачот Пјер Вејрон, кој победил на „24 часа Леман” во 1939 година, возејќи Бугати. Додатокот 16,4 се однесува на моторот со 16 цилиндри и 4 турбо полначи.
Неговиот 7 литарски мотор има 1.184 коњски сили и 7 брзини. Автомобилот е долг 4,46 метри, широк 1,99 метри, а висок 1,159 метри. Бугати Вејрон 16,4 тежи околу 1.888 килограми.