Бурната љубовна врска ја платила со живот: се заљубила на 12, родила на 14 и ја убил на 17 години! :(

popara15 декември, 20111min00
l

За убиството на британката Келси Шо (17), која во април била пронајдена мртва во својот стан, обвинет е нејзниот дечко, 19 годишниот Калум Вилкокс од Ливерпул, со кого имала три годишна ќерка.

На прв поглед нивната врска изгледала како секоја тинејџерска врска. Келси имала 12 години кога се заљубила во Калум, а тој 14. Но веќе од наредната година момчето имал проблеми со алкохолот, па дури 10 пати бил исфрлан од училиштето.

Во 2008 година Келси ја родила ќерката Кејтлин, но врската со Калум станувала се повеќе насилна. Момчето станало кокаински зависник, а добил и три години затворска казна за поседување на кокаин и хероин.

По излегувањето од затворот, во 2010 година, тие ја обновиле својата врска, но Калум продолжил да се дрогира, а Келси се запишала на факултет и се грижела за детето.

На почетокот на 2011 година Келси повторно останала бремена, но абортирала, а на Калум му изјавила дека сака друг човек и дека сака да раскине со него.

Момчето и се заканил дека ќе изврши самоубиство, поради што девојката се сожалила и повторно го примила назад.

По бурна караница која се случила во април оваа година, Калум физички ја нападнал Келси и почнал да ја дави, девојката останала без свест, а веќе наредниот ден починала во болница.

Момчето било обвинето за убиство и осудено на 16 години затвор. За нивната ќерка се грижи мајката на убиената девојка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag