Популарната пејачка Цеца Ражњатовиќ стравува за судбината на српскиот народ и секојдневно следи што се случува на Косово.
„Цеца е потресена заради ситуацијата на Косово и за тоа што му им се случува на србите кои живеат таму. Таа ги замоли сите пријатели кои живеат на Косово секојдневно да ја известуваат за ситуацијата и ги осудува сите неправди кои се случуваат таму“, изјавил извор близок на пејачката, кој побарал да остане анонимен.
„Цеца праќа пораки со кои покажува дека е вистинска србинка и се нервира заради ситуацијата во која се наоѓаат косовските срби“, потврдува анонимниот извор.
Иако веќе некое време е во куќен притвор, Цеца постојано следи каква е ситуацијата во Србија и на Косово. Србинка до коска, па џабе не му беше жена на Аркан, нели?