Илјадници жени би дале милиони долари да се на местото асистент на Бред Пит, но, за разлика од нив, среќницата која го следи холивудскиот актер за време на снимањето на новиот филм, платена е да биде во негова придружба.
Бројни обожавателки на Бред позеленеа од завист кога протекоа фотографиите од снимањето на “Светска Војна З”.
Иако некои таблоиди побрзаа да го обвинат Бред дека флертува со младата асистентка, Daily Mail пишува дека неговата партнерка Анџелина Џоли не се грижи. Сликите јасно покажуваат дека тоа е строго професионален однос.
Бред во моментов е во Велика Британија, каде go снима неговиот нов филм, а на другата страна на Атлантскиот Океан медиумите објавија дека Анџелина е таа која ги “влече конците” на познатиот холивудски пар.
Наводно на Бред му забранила да се дружи со старите пријатели и да донесува одлуки за сè, па дури и дали и кога би стапиле во брак.