По долго време продуцентот Чак Лори се согласил да прокоментира за работата на Чарли Шин во серијата “Два и пол мажи”, и тоа дека влегле во конфликт по што Чарли добил отказ од познатиот серијал.
“По 16 епизода моравме да го запреме снимањето, бидејќи Чарли не беше во можност да се однесува нормално. Не можете толку долго да се дрогирате додека работиш и снимаш.. Не можевме никако да работиме заедно. Чарли се распаѓаше, а тоа мораше да се промени” изјавил Лори.
Подоцна Чак влегол во судир со Чарли, по што одлучил да му даде отказ, и да го ангажира Ештон Качер за негова замена во серијата.